
Тридневна обука на основците од четири основни училишта во штип се спроведува во просториите на општината. Имено, преку проект добиен од ЗЕЛС, Општина Штип добива 16 лаптопи кои се доделуваат на дечиња од социјална категорија. Истовремено општината нуди обука на децата за да се запознаат содигитализацијата.
„Општина Штип беше дел од проектот кој беше финансиран од ЗЕЛС и добивме 16 лаптопи наменети за дечињата од социјално ранливи категории и беа донирани на четири основни училишта. Преку проектот освен донацијата на лаптопи за децата е предвиден тридневна обука“ – кажа Џамбазова – Николовска.
Децата кои следат обука се поделени во неколку групи во зависност од кое одделение се и на тој начин се прави изборот на програма за обука.
Обуката започна вчера, а ќе заврши утре. Истата децата ја следат во Сала два во Општина Штип по два ипол часа дневно. По завршување на истата лаптопите ќе бидат оставени во училиштата за понатамошно користење.
Лаура Стојанова М-Нет