
Хуманоста покажана на дел од најмалите, основците од ООУ „Тошо Арсов“ Штип. По иницијатива за малата Елена која од денеска е прваче во ова училиште, четири ученика под менторство на нивните наставнички во текот на летото изработувале и продавале гривни. Со циркони и ластиче неколку дена активно работеле за да ги направат гривните и во текот на месец август ги продавале во центарот на Штип. Од собраните пари купиле учеилишен прибор за дечиња од нивното училиште на кој им е најпотребен.
Горди на иницијативата на своите ученици се и наставничките ментори. Велат дека на ваков начин се покажува хуманоста од мали нозе, со цел да им се помогне на оние на кои им е најпотребно.
„Ова е прекрасен пример за солидарност, несебичност и одговорност. Нивната иницијатива е порака дека малите дела можат да направат голема разлика и дека вистинските вредности се учат преку дело. Се надевам дека нивниот пример ќе инспирира и други деца, но и возрасни да веруваат дека секој може да придонесе за заедницата на свој начин“ – вели Миладинова.
Училишниот прибор составен од тетратки, моливчиња, ранче, и слично ќе биде поделен на деца од прво одделение во ООУ „Тошо Арсов“ Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет