Во М.Каменица двајца независни кандидати за градоначалник, во Кочани еден, рокот завршува на полноќ

Вечерва на полноќ завршува собирањето потписи за независни кандидатури за Локалните избори.

Според податоците од ДИК, до саботата 30 август потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи.

Во Општините од Истокот, потписи за незвисни кандидати за градоначалници се собираат во Македонска Каменица за дури двајца канидати и во Кочани каде се кандидираше сега актуелниот в.д. градоначалник Венко Крствски.

За листа за советници до саботата потписи се собираа во Кочани, Чешиново – Облешево и Свети Николе, а утринава независна листа за советници е поднесена и во Општина Штип од страна на Енис Демиров.

Ова е значително помал одѕив на независните кандидати во споредба, на пример, со локалните избори во 2021 година. Тогаш, на изборите беа пријавени дури 57 независни листи за советници во 40 општини, а кои, на крајот, собраа вкупно 56.000 гласа на граѓаните. Со тоа тие, практично, станаа четврта политичка сила во државата.

До 11 септември, пак, е рокот за увид во Избирачкиот список во сите подрачни канцеларии и одделенија на Државната изборна комисија (ДИК). Исто така во тек е и пријавувањето за набљудување и известување од изборите. 

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет