
Во сабота на протест излегуваат оризопроизводителите од кочаснко. Ќе се блокира патниот правец Кочани Штип кај село Облешево, овојпат заради проблеми кои се јавуваат со АД Водостопанство. Таканбаречениот „зафат“ нема вода па оризовите полиња се суви, а како што посочуваат оризарите сега е период кога на оризот најмногу му е потребна вода.
„Протестот е организиран од група оризопориводители од Облешево бидејќи зафатот од кој треба да се наводнуваат површините под ориз е однесен од невереме. Имаме информација дека водостопанство Брегалница не се во можност да го санираат тој дел, а оризовите површини се уште бараат вода. Принудени сме да излеземе на штрајк“ – вели Максимов.
Инаку, останатите барања на оризарите се доставени до Министерството за земјоделие, па велат ако во најбрзо време нема одговор рогаш за седум до десет дена ќе се органзиран и масовен протест со нова блокада на патниот правец Кочани Штип.
„Се работи за инцидентен штрајк. Најавениот масовен протест е во мирување.“ – додава Максимов.
Протестот во сабота е закажен со почеток од 10 часот.
Лаура Стојанова М-Нет