Советот на Општина Ѓорче Петров денес одржа вонредна седница на која беа донесени две одлуки насочени кон справување со последиците од природни непогоди и изразување солидарност со погодените граѓани.
Советот донесе Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде надлежна за процена на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, нивно евидентирање и изготвување збирен извештај, согласно законските прописи и утврдената методологија.
На истата седница, Советот донесе и Одлука за доделување хуманитарна помош во износ од 300.000 денари за граѓаните на Општина Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење. Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Ѓорче Петров и ќе бидат уплатени преку Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија.
Текстот Општина Ѓорче Петров ќе додели 300.000 денари хуманитарна помош за Гостивар е превземен од МАКФАКС.