Општина Штип за поголема сообраќајна безбедност

Општина Штип продолжува со превземање на мерки за зголемување на безбедното одвивање на сообраќајот, односно поставени се 95 пластични флексибилни столбчиња на следните локации:

– крстосница со улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“,

– улица „Славчо Стојменски“,

– на ул. „Васил Главинов“ во нивото на крстосницата со мостот кај СОУ „Славчо Стоименски“

– на ул. „Генерал Михајло Апостолски“ во нивото на крстосницата со мостот кај СОУ „Славчо Стоименски“, 

– на тротоарот на ул. „Маршал Тито“  кај излезот од СВР Штип,

– на тротоарот на ул. „Маршал Тито“ од крстосницата со ул. „Кирил и Методи“ до Каменик мост со краток прекин (пред Сава Осигурување и Плоштадот),

– на тротоарот на ул. „Ванчо Прке“ кај Стопанска Банка,

Поставените столбчиња имаат и рефлектирачки карактеристики за зголемување на нивното воочување во ноќни услови.

Општина Штип потенцира дека режимот на сообраќај на крстосницата со улиците „Борис Крајгер“ и„ Анте Банина“ е променет, односно ул. „Борис Крајгер“ е со приоритет на движење во однос на ул. „Анте Банина“ или спротивно од претходниот режим на одвивање на сообраќајот.

Од локалната самоуправа Штип апелираат до сите граѓани, а посебно до возачите да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да се движат на крстосницата со зголемено внимание посебно во период на адаптација на новиот режим.