Општина Пехчево со засилен интензитет ја подобрува сообракајната инфраструктура

Општина Пехчево  започнаа градежните активности за изградба на две улици. Улицата „Бел Камен“ и ул. „7 Септември “ во Пехчево ќе бидат поплочени со бекатон плочки. Фирмата изведувач на градежните активности е „СД Транс“ од Делчево.

По повекедецениски проблеми со безбедноста и мобилноста на локалната патна мрежа која беше постојано изложена на свлечишта по поројни врнежи, пехчевската локална самоуправа интензивно работи на санација на небезбедни и ризични места. Подобрување на стрите и изградба на нови улици е приоритетот на списокот градежни активности  изјави за М нет градоначалникот Тренчовски. Паралелно течат изградбите на 6 улици од кои две во градот Пехчево а останатите во селата Умлена, Црник и Робово. Вкупната вредност за реализација на овие проекти изнесува околу 3 700 000денари, средствакои се обезбедени од буџетот на општина Пехчево како и од Светската банка за обнова и развој.

Маре Стојилова М нет