Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не повеќе од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок. Рокот за аплицирање трае до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31.10.2026 година. Дополнителни информации можат да се добијат на електронската адреса [email protected].

“Вториот повик се однесува на поддршка за купување на печки на пелети, намена за која се одвоени 300.000,00 денари. Преку оваа мерка ќе се покријат 50% од трошоците на домаќинствата за купување на печката, до максимален износ од 20.000,00 денари со вклучен данок. Услов е барателите претходно да немаат искористено субвенции за печка на пелети или инвертер од кој било извор во државата. Овој повик ќе биде отворен најдоцна до 30.11.2026 година, односно до исцрпување на предвидените финансии, додека за прашања е достапна адресата [email protected]£.

И за двата повика,како што е појаснето, право на учество имаат домаќинствата кои не се поврзани на градското парно греење. Ќе се рефундираат средства за купувања извршени почнувајќи од 1 јануари 2026 година па сè до завршувањето на повиците. Како доказ е задолжително приложување на фискална сметка или фактура, како и извод од банка за извршена уплата во оригинална форма. Барањата можат да се подигнат од Архивата или од општинската веб-страница (www.kiselavoda.gov.mk), по што заедно со целосната документација се доставуваат исклучиво во затворен плик преку Архивата на Општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Пријавите со непотполна документација или оние пристигнати по рокот нема да се земат предвид, соопшти општината.

Текстот Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети е превземен од МАКФАКС.