Општина Карбинци од септември ќе се приклучи на ХС Злетовица, но колку се подготвени?

Од септември и Општина Карбинци ќе се приклучи на ХС Злетовица. Градоначалникот Виктор Паунов, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека цевководите се завршени, изградена и е филтер станицата, се завршуваат ситници за општината да добива вода за пиење од Злетовица. Истовремено завршени се и испитувањата во Белград направени за квалитетот на водата.

„Што се однесува до цевководите веќе се завршени, филтер станицата е комплетно изградена, сите цевководи во должина од 18 километри се изградени, исто така и пумпни станици покрај двете населени кои ќе работат по тој принцип се изградени. Во почетокот на месец септември се очекува да биде пуштена оваа вода“ – кажа Паунов.

Но, колку општина Карбинци е подготвена да им излезе во пресрет на предизвиците кои ги носи водата од ХС Злетовица. Дали водоводната мрежа е реконстуирана го прашавме Паунов. Тој вели идентично како и во Штип и во Карбицни водовдната мрежа е стара и дотраена, но тој е оптимист и се надева дека дефектите нема да бидат секојдневие.

„Општина Карбинци исто како и во Штип, има дотраени водоводни линии кои во изминатите години за жал не се реновирани или обновувани, така да се надевам дека ќе имаме малку проблеми или да се надевам дека ќе немаме воопшто проблеми, но бурно ќе ја следиме работата откако ќе го пуштиме во оптег овој систем.“’ – додава Паунов.

Во меѓувреме вчерашниот дефект на главната водоводна цевка во село таринци е поправена и се нормализира водоснабудвањето. Паунов истакна дека тие изработуваат прокети за санација на водоводните линии, но тоа е процес кој трае подолго време, што значи тековно ќе се работи.

Лаура Стојанова М-Нет