
Денес Општина Карбинци празнува 28 години од своето постоење, а воедно и празникот Спасовден кој е белег и го празнуваат жителите на село Карбинци. Свечена седница, низа настани поврзани со одбележувањето на празникот Спасовден, турнир во борење и мал фудбал како и настап на музички групи ќе го заокружат денот. Денес во таа чест градоначалникот на Општина Карбинци упатува јавна честитка до сите граѓани и ги поканува на вечерашниот концерт.
„Денес е ден на Општина Карбинци, денес празнуваме 28 години постоење. Спасовден е празник кој се слави во селото Карбинци. Денес како Општина имаме богата програма од вообичаеното. Она што во текот на денот ќе следи го споменав во неколку наврати. Ќе споделам дека утринава одржавме свечена седница на која официјално го честитавме и посакавме многу успех. Ако направиме кратка ретроспектива во изминатите 28 години има со што да се пофали. Во изминатите три години која јас сум градоначалник, но и да најавиме градежна бура кога се во прашање инвестициите во Општина Карбинци. “ – изјави Паунов
Во однос од минатата година па до денес Општината може да се пофали со големи капитални инвестиции кои се значајни за Општината , но и за населението истакна Паунов. Во изминатиот период село Таринци доби нова училишна зграда која беше стара 50 години, се реализира булеварско решение помеѓу село Таринци и долни Балван на кое има пешачка патека целосно осветлена.
„Општина Карбинци од ланскиот празник до сега навистина се истакна со многу големи капитални проекти. Село Таринци доби нова училишна зграда многу значајна за жителите, старата зграда повеќе од 50 години еве сега доби обнова, патниот правец село Таринци и долни Балван е целосно реконструиран со нова пешачка патека, неколку улици и спортски терени во општина Карбинци.“ – додава Паунов
Дециден Паунов дека оваа година е една од најуспешните години од постоењето на Општина Карбинци. Затоа што и денешната програма за празнување е поинаква и побогата со настани кои ќе се реализираат во текот на целиот ден.
Лаура Стојнова, М-Нет