
По повод празникот на општина Карбинци, Спасовден, се организираше боречки натпревар за деца, за момчиња и девојчиња во организација на боречкиот клуб „Карбинци“, а како соорганизатор на овој спортски настан беше и боречкиот клуб „Киро Ристов“ од Карбинци.
Како што вели и во изјава за телевизија М-Нет Трајче Димков, претседател на Здружението на борачи ветерани овој спортски настан се организара трета година по ред, а оваа година во помасовен број, а учество земаат шест боречки клубови од Македонија.
Димков вели дека од Карбинци потекнуваат голем број на борачи кои имале успешни спортски кариери.
Малата општина Карбинци уште еднаш потврдува дека се вложува во спортот преку овие спортски настани кои успешно се организираат повеќе години.
Александар Ванев, М-Нет