
Наместо 24 годинава 28 стипендии ќе додели Општина Делчево на средношколци и студенти. На својата 46 седница Советот донесе одлука 18 стипендии да се доделат на средношколци од втора, трета и четврта година од СОУ ММ Брицо поделени во две категории. 10 стипенди ќе се доделат на средношколци од семејства со ниски примања и 8 стипендии на средношколци кои освоиле награди и постигнале успех во предходната учебна година од 4.5 до 5. Исто така 10 стипендии годинава ќе се доделат и на студенти од сите студиски години освен прва кои студираат на државните универзитети во РСМ.
Со оваа одлука Општина Делчево сака да ги стимулира средношколците и студнтите да постигнуваат поголеми резултати во образованието и со тоа еден ден да станат успешни во општествениот живот. Општината во наредниот период ќе формита комисија која ќе ги изгради критериумите и ќе го распише конкурсот за предвидените стипендии.
Инаку Општина Делчево во насока на стимулирањето на учениците, од сопствениот буџет секоја година доделува награди на првенците на генерацијата во двете основни училишта и во средното училиште, како и награди на 10-те најуспешни матуранти. Наградата за матурантите се состои во 14 дневно патување низ Европа, но годинава поради ситуацијата со корона вирусот на 10-те најдобри матуранти им беа доделени по 20 000 денари.
Сунчица Маринкова-Сосиева М Нет