Добринко Илиевски си замина,Александар Танчески засега привремено на кормилото на ФК „Брегалница“

Денес дојде до спогодбено раскинување на договорот помеѓу ФК Брегалница и досегашниот шеф на стручниот штаб – Добринко Илиевски – Пижон. Според информациите од спортскиот директор на Брегалница, Емил Тодев во следниот период екипата ќе ја води Александар Танчески лиценциран тренер, кој досега беше на функцијата помошен тренер.

Добринко Илиевски се заблагодарил на раководството на клубот на чело со спонзорот Кирил Гогов за досегашната соработка и за подршката што ја имал и од играчите и целокупниот персонал на Брегалница во периодот од јули минатата година па се до сега. Што се однесува до Алаксандар Танчески, самиот тој истакнува дека соработката со ракометната звезда Кире Лазаров и фудбалскиот миленик Артим Шаќири биле неговата „виза“ за доаѓање во Брегалница каде што успешно си ја извршува својата професионална улога. Инаку се уште нема информација од ФФМ дали и кога ќе се одиграат натпреварите од одложеното 10 коло во рамките на ВМФЛ – Исток. Првите информации велеа дека тоа ќе се одигра во недела на 8 ноември, а во тој случај Брегалница против Каменица Саса би играла во сабота со директен ТВ пренос, бидејќи неколку играчи ќе имаат репрезентативни обврски. Екипите се во исчекување до конечната одлука од ФФМ.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk