
Со честитка за денот на Ромите, 8 Април излегоа и од ОО на СДСМ Штип. Претседателот Јане Миланов истакна дека денешниот ден е посветен на Ромите, а тие ги уживаат сите права, го негуваат својот јазик, ја развиваат својата кулура. Како општествена партија, од СДСМ истакнаа дека ќе продолжат да градат еднакво општество за сите, вклучувајќи ги Ромите повеќе во општестевениот живот.
„Почитувани граѓани од Ромска националност, нека ви е честит Меѓународниот ден на Ромите. 8 април е ден посветен на историјата и културата на Ромите, но и ден кога треба да се афирмира потребата од поголема поддршка за Ромската популација, посебно во дело кој се соочува со социјални и економски проблеми. Овој ден го потенцира значењето на културните вредности на Ромската заедница. Ромите се целосно рамноправни со сите наши граѓани, ги уживаат сите права, го негуваат својот јазик, ја развиваат својата култура и традиција и активно учествуваат во креирањето на успешни политики“ – кажа Миланов.
Во оваа прилика Миланов истакна дека треба да се негуваат заедништвото, поддршката и разбирањето како темели за меѓусебна почит.
Лаура Стојанова М-Нет