
Со пригодна свечена програма во која учество зедоа сите ученици денеска ООУ Димитар Влахов го прослави својот партон празник. Со музички точки, програми во кои се преставија учениците, рецитал и вистинско уживање за публиката училиштето го прослави својот празник.
Честа и задоволство огромно и за директорката Невенка Величкова, која истакна дека за денешната програма резултатот се гледа по громогласниот апалауз и задоволство од публиката.
„Неизмерна е среќата што денес на овој убав ден, празничен, наш партонен празник ја имаме честа и задоволството да бидеме домаќини и организатори кога преку еден пригоден чин и свеченост ги пречекавме и удостоивме нашите гости, ден кога ја славиме нашата среќа. Нека ни е честит патрониот празник“ – кажа Величкова.
На настанот претставници имаше и од секторот за образование при Општина Штип, а програмата ја проследија и останати граѓани, пријатели и родители.
Лаура Стојанова М-Нет