Омиленото место за рекреација на штипјани, Суитлак, со „иновативни реквизити“ од граѓаните

Омиленото место за рекреација на штипјани – Суитлак, сега само депонија. Наместо зеленило и место за одмор на штипјани, вистинска мини депонија, земја и кал. Купишта, смет, шут и отпад можеше да забележи екипата на М-Нет Телевизија на терен. Контејнерите празни, а отпадоците наоколу, искршени клупи и нечистотија. Несовесноста на граѓаните го руши изгледот на ова место со огромен потенцијал. Од ЈП „Исар“, пак, велат дека на терен секојдневно изглегуваат, но апелираат и на совесност од граѓаните.

„Ние излегуваме на терен постојано во сите населби низ градот. Екипи од претпријатието ги чистат мини депониите и ги собираат отпадоците. Сепак, постојано се собираат сѐ повеќе шут и смет, бидејќи и граѓаните не ги користат корпите за отпадоци. Ние ќе продолжиме со чистењето, меѓутоа апелирам и до граѓаните да бидат посовесни и да не ја загадуваат животната средина.“ – рече в.д. директорот на јавното претпријатие, Трајче Здравков.

Како што додаде Здравков, тие ќе продолжат со работа на терен и чистење на мини депониите низ Штип, а веќе на почетокот на следната недела, односно од понеделник ќе се чисти во Пребег и Караорман.

Ребека Спасова М-Нет