Еден по еден заминуваат: Ринор Исени не е повеќе играч на шампионот Куманово, се сели во БВК Коњаре!

Еден по еден играчите заминуваат од шампионот Куманово, кој минатата сезона немаше среќа во баражот откако загуби со 2:1 од второлигашот Победа, кој го сочува второлигашкиот статус, со што Куманово поразен во Маџари остана во Трета лига – Север, во натпревар кој го следевте на телевизија М Нет.

Повеќе играчи од Куманово веќе си заминаа и имаат нови клубови, меѓу подобрите замина Дарио Десниќ кој веќе е нов играч на Шкендија од Арачиново, а последен од Куманово кој заминува е Ринор Исени.

24-годишникот го засилува БВК Коњаре, кој денес ќе биде промовиран во новиот клуб кој има амбиции за атак на првото место и на баражот за Втора лига.

Во минатата Исени има настапувано за второлигашот Башкими, Врапчиште и Ринија.

Во следните денови се очекува повеќе информации околу целите и амбициите на Куманово за новата сезона, дали овој клуб кој не го помина баражот е подготвена за уште една сезона во Трета лига – Север и водење на борба одново за првото место.

Во новата сезона во Трета лига – Север ќе настапат 14 екипи, а нови третолигаши во овој регион кој е најголем се Њу Старс, Ржаничино и Пчиња.

Александар Ванев, М-Нет