
Дождот позитивно влијае на земјоделските производи. Поради сушата која претходеше, оваа количина вода и те како им беше потребна на земјоделците за нивните производи особено за житариците. Минатата година проблеми се јавуваа и за наводнувањето, бидејќи не доволната количина на вода доведуваше до сушни периоди, па спас и надеж земјоделците гледаат во моменталните врнежи од дожд.
„Дождот кој врне интезивно е добредојден за посевите, за житариците и за останатите култури. Беше доста суша, бевме на работ дали ќе има врнежи или не, до сега е добро. Имавме проблеми со наводнувањето во 2020 година, се надеваме дека оваа година ќе биде подобро“ – истакна земјоделецот Јонче.
Придобивките од врнежите дожд не изостануваат и кај производителите на ориз во кочанско. Житните култури издржуваат на повеќе влага, бараат дожд и вода, но од друга страна доколку дојде до прекумерни количини вода истите може да скапат. Врз Пченицата, пченката и оризот како најраспространети житни култури, добро влијае и снегот бидејќи се прави поголема влага и овозможува поголема издржливост во пролетните денови. Моменталните врнежи од дожд, се од големо значење за земјоделските посеви, и се очекува оваа година да биде поразлична од претходната која се вброи во групата на сушни години.
Лаура Стојанова М-Нет