
Од направени 3667 тестирања за Ковид 19 регистрирани се 19 нови случаи од кои 8 в Скопје, 5 во Тетово , 2 во Куманово и по еден случај во Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар информираат од Министерствот за здравство. Со ова откако подолг временски период во Кочани немаше регистриано ниту еден активен случај на ковид 19, сега се јавува повторно еден. Во општините од Истокот активни се 4 ковид случаи 2 во Штип и по еден во Берово и Кочани. Нема регистрирано починато лице, а оздравени се 9 пациенти.
Во меѓувреме нема хоспитализирано ниту едно лице во модуларната ковид болница во Штип, а околу месец дена е затворена и модулараната ковид болница во Кочани.
Досега во земјата се направени вкупно 927.182 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.901, бројката на оздравени пациенти е 150.168, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 246.
Лаура Стојанова М-Нет