Означен почетокот на изградбата на далеководот Штип – Овче Поле

Означен почетокот на изградбата на далеководот што ги поврзува трансформаторските станици во Штип и Овче поле а се протега на постоечката траса од стариот 110 киловолтен далековод.  Изградбата на далеководот Штип – Овче Поле е само дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на екелтро преносливата мрежа на државата. За почетокот на изградбата на овој далековод денеска честа и задоволството да присуствуваат ја имаа и премиерот Зоран Заев, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани, и преставник на европската банка за обнова и развој на Северна Македонија.

„Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите бетонски столбови стари од 60 до 66 години. Се вложува со над 15 милиони евра за изградба на над 130 километри нови далеководи“ – истакна Заев.

Со оваа реализација се зајакнува преносната мрежа и се создава погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори кои можат и знаат како да ги искористат европските потенцијали во нашата држава. За стимулирање на економскиот раст и одржливост на економскиот сектор овие инвестиции се од големо значење за нашите но и странски инвеститори.

Се инвестира во реконструкција и изградба на 6 далеководи во државата преку 130 километри.

Лаура Стојанова М-Нет