
Зголемен бројот на срцеви и мозочни инфаркти, зголемен и бројот на пациенти со инфаркт на нозете како и проблемите со белите дробови. Според кардиолозите станува збор за последици кои се чувствуваат од корона пандемијата. Доктор Сашко Николов вели дека ако пред короната имале по 30 пациенти месечно, сега тој број е зголемен на 40 па дури и до 50 стенрирања за еден месец.
„Сега месечно ни доаѓаат по 40 стентирања месечно, некогаш и 50. Бројот на каротидни стентирања е зголемен за трипати, бројот на периферните пациенти кои доаѓаат со периферни болести можеме да кажеме и петпати зголемен од претходно. Самата корона пандемија направи рапидно зголемување и рапиден пораст на болестите кај пацинетите, имаме зголемен број на мозочни болести, на срцеви инфаркти, зголемен број на пациенти со инфаркти на нозете и на белодробието.“ – вели Николов.
Дополнително доктор Николов потенцира дека се помлади пациенти страдаат од срцеви инфаркти, а се руши и митот дека жените се повеќе отпорни на вакви заболувања. Само во последните два месеци три жени под 38 години имале срцев инфаркт.
„Ако се веруваше женските хормони ги штитеа жените од срцеви инфаркти, гледаме дека во последниот период, еве последните два месеци имаме три млади жени под 38 години со срцев удар. Имаме млади момци од 27-28 години со тешки срцеви инфаркти“ – додава Николов.
Во однос на опремата која ја поседува штипската Клиничка болница, доктор Николов потенцира дека има доволно опрема со која се располага и може да им се излезе во пресрет на пациентите од Истокот.
Лаура Стојанова М-Нет