
Пред почетокот на сеидбата на пченица земјоделците од кочанскиот регион револтирани. Со моменталнта цена на пченицата велат неипслатливо е да се сее. Компаративно велат дека ако еден земјоделец има 200 хектари земја насеани со пченица и се роди шест тона, тоа според нив значи дека годината треба да се минува со една просечна плата, а со тие пари како што додаваа не може да се прехрани ниту папагал.
“Ама ние во земјоделието имаме уште поголеми проблеми. Еве сега околу сеидбата на пченицата кажете со која цена ние ќе излеземе и зашто да сееме. Јас имам 200 хектари насеано, по 300 килограми тоа се шест тона по 10 денари 60 илјади, тоа значи дека јас треба со 20 илјади да ја поминам годината. Пред неколку години со овие пари се обезбедеа пари за себе, месо, млеко, зејтин , се тоа, а сега ние трпиме за леб. Еден папагал не може да се прехране не камо човекот.“ – вели Арсов.
Дополнителен проблем е и незаинтересираноста на откупувачите за оризот. Цената е ниска и се движи од 30 до 40 денари во зависност од соратата. Ова го става под знак прашалник сеењето на ориз наредните години.
“Откупот е намален, откупувачите не се заинтересирани за оризот, беше 30 до 40 денари од сорта зависи, ама сега цената е намалена и не сакаат да откупуваат едноставно. 34 денари е производна цена, јас не знам дали земјоделците воопште ќе сеат ориз.“ – додава Арсов.
Барањата од националната земјоделска мрежа се испратени до Министерството за земјоделие и до Влада и земјоделците се уште чекаат позитивен одговор. Ако не добијат соодветена цена за своето производство велат ќе мора да протестираат. Во сабота имаат средба во Прилеп, па Арсов ја искористи приликата да ги повика земјоделците да бидат присутни со цел да може да го добијат она што го заслужуваат.
Лаура Стојанова М-Нет