Од Тетово до Облешево – Тони ги нуди најдобрите костени со бело јадро

Зимата и ниските температури се период кога во голема мера се купуваат костените. Печени или варени, Тони Ѓоргиев од кочанско Соколарци вели дека се одлични за сите генерации. Тој подолго време се занимава со земјоделство, но вели костените не успеваат во овој крај па ги купува од Тетово за да ги понуди на граѓаните во кочанскиот регион. Цената е солидна, а и побарувачката исто така.

„Коштаните се 120 денари килограм, за сега нормално, понатаму ќе се бараат повеќе. Имаме доста костени. Костените се од Тетово, прва класа нема црвливи и многу убави се.“ – вели Ѓоргиев.

Температрури не повисоки од 30 степени во летниот период и планински пердел е потребен за да може костенот да формира бело и убаво јадро. Токму затоа тој ги носи од тетовскиот крај во кочанскиот регион. Освен костени, одгледува разни сезонски овошки и зеленчук кои успеваат на почвите во Соколарци.

„Костените успеваат на повисоките места, планински места таму за застапени. Мора да имаме од се по нешто затоа ги купуваме и препродаваме. За да бидат задоволни муштериите треба да имаме секаква роба.“ – додава Ѓоргиев.

Костенот е дрво кое е во исто семејството како дабот и буката. Костените растат мошне бргу, со ислучок на кинескиот, чиј раст е умерен.  Во висина се движат од грмушести, па сè до американскиот вид, кој достигнува 60 м. Со среден раст се јапонскиот костен со просек од 10 м и кинескиот костен со 15 м. Поголем е европскиот (питомиот) костен, висок околу 30 м.

Костените се јадат печени, варени или мелени во брашно, од кое се прави леб, колачи, палачинки, тестенини. Покрај ова, фино мелениот костен скробен елемент во запршки, чорби и сосови.

Лаура Стојанова М-Нет