Скап и со слаба побарувачка кочанскиот пазар денеска, граѓаните немаат пари за овошје и зеленчук

Слаб пазарен ден во Кочани ама со многу разбирање и од купувачите и од продавачите. Производство има доволно, ама не и побарувачка. И покрај тоа што пензиите веќе легнаа на смета на пензионерите и се очекуваше поголема побарувачка, сепак пазарот се оцени како слаб. Ама како што велат продавачите ги сваќаат граѓаните кои со ниските примања немаат пари за овошје и зеленчук.

„Пазарот добар е има роба ама нема потрошувачи. Луѓето пари немаат, сабајле дојдевме викаме земаа пензии граѓаните ама не е тоа тоа. Гледа се дека луѓето немаат пари. Ние немаме сметка да го продаваме поевтино, на нив им е скапо“ – велат продавачите.

Сакапо за денешните примања велат купувачите на кочанскиот пазар, ама како што додаваат согласно трудот и работата на земјоделците цените се рални.

„Па скапо е ама богат е убав пазарот. Треба да се намалат цените, народот е сиромашен. Ама не им се испалаќа и на производителите, треба и они да држат цена“ – велат купувачите.

Производите за зимница кои веќе се при крај како и разновидното сезонско овошје денеска беа на листата најбаранипроизводи на пазарот во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет