
Трпение, желба и знаење се потребни за да се изигра квалитетна партија шах. Во денешно време расте интересот кај младите за играње шах и овој факт радува. Резултатот во шаховската игра зависи исклучиво од вештината на играчот, а воопшто не зависи од среќата. Играчите најизменично влечат потези со цел да го матираат противникот. Најправилно шах се игра со часовник и во зависност од времетраењето на играта зависат партиите. Донче Јорданов вели не е тешко да се научи да се игра шах ако за тоа се има вистинска желба.
„Треба да се има трпение и волја да се игра шах. Секаде шахот се игра со часовник бидејќи времето на размислување е ограничено. Постојат блиц партии од три и пет минути, постојат рапид партии од 10 и 15 минуити и постојат класични партии и времето таму е два часа.“ – вели Јорданов.
Во зависност од партијата и времетраењето се одредува и бројот на п отези кои ги има секој играч. Ако истече времето а не се одиграни предвидениот број потези се губи партијата.
„Разлика има во потезите, бројот на потези. На пример ако се игра на 2 часа тогаш секој противник има по 40 потези да одигра, ако не успее да ги одигра тие 40 потези тогаш ја губи партијата.“ – додава Јорданов.
Како и секоја игра, играњето на шах не бара само разбирање на правилата, туку и способност за донесување на мудри одлуки во рамките на правилата.
Лаура Стојанова М-Нет