Од први мај започнува садењето на тутун, производителите ги засукаа ракавите

Тутунопроизводителите ги засукаа ракавите за садење на тутунот, од први мај ќе бидат на нива. Производителите од штипскиот регион велат дека во моментот се подготвуваат површините, се плеви расадот, се спремаат бурињата. Истакнаа дека најголем фактор пред се е времето, па затоа се надеваат и годинава да имаат барем за живеачка .

После вториот чекот односно садење, следна постапка е копањето на тутунот за да на крај дојде постапката берњето, кое ќе трае до крајот на октомври.

Инаку, за оваа година тутунопроизводителите велат дека ќе им биде по слаба, затоа што пролетните ниски температури направија штети на нивниот расад, а тоа ќе се одрази на нивниот квалитет.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет