„Од Кочани до Кранс – Монтана“, тивка почит за жртвите од пожарот во Швајцарија

Тивка почит за загинатите од пожарот во Кран Монтана – родителите во Кочани повикуваат на тивка и достоинствена почит. Во Паркот на револуцијата со почеток од 16:40 часот во сабота, родителите на загинатите деца од пажарот во дискотеката Пулс во Кочани повикаа на солидарност, да се сподели тишината на оние кои загубиле со оние кои паметат.

„ Кочани се сеќава, Кочани сочувствува, Кочани е со мајките и семејствата на Кранс – Монтана. Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина – да застанеме заедно, без зборови што се мали за ваква загуба. Бидејќи тишината некогаш зборува погласно од зборовите“ – се вели во соопштението од здружението.

Во сабота нема да се одржи редовиот Марш за ангелите, бидејќи ќе се оддаде тивка почит за загинатите од Швајцарија. Во пожарот во Швајцарија, на новогодишната ноќ загинаа 40 лица, а 119 беа повредени.