
Каменчиња, школки, морски ежови, гранчиња се природните материјали кои ги користи Јулија Атанасова од Штип за изработка на нејзините слики. Пред нешто повеќе од четири години, пред ковид пандемијата започнува да избработува слики со разни содржини инспирирани од секојдневието, и да развива уметност која е доста прифатена од страна на околината.
„Затоа што работам со децата со посебни потреби, со нив почнав најпрво и да ги работам сликите од каменчиња. Со оваа уметност почнав пред четири ипол години, летото пред пандемијата, собирајќи ги каменчињата однонсо седејќи почнав во нив да гледам слики. Ова е една лесно податлива уметност која во светот е создадена во 40 години од минатиот век, ама зазема голем замав затоа што насекаде се присутни каменчињата и природните материјали кои ги користам во моите изработки“ – вели Атанасова.
Работејќи речиси секојдневно за изработка на нејзините слики и уметнички дела Атасова денеска во Штип ја реализираше и својата прва изложба која има хуманитарен карактер. Собраните финансиски средства ќе бидат донирани на децата со посебни потреби во училиштето „Искра“ во Штип.
„Сликите се од секојдневните случувања, ги изработувам да ги подарувам со љубов, а кога имаме некој кој сака да порача слика многу ми е важно да ми каже за која личност се работи и за кој повод е наменета колата. Да ја доловиме приказната на личноста. Бидејќи ова е моја прва изложба решив да биде од хуманитарен каратктер, сликите ќе се продваат по цена од 300 денари а парите ќе бидат за моите ученици и нивните потреби“ – додава Атанасова.
Најчесто инспирациите потекнуваат од плажите, средината, опкружувањето вели Атанасова. На ваков начин вели ем се помага на децата со посебни потеби, ем се искористува рационално слободното време.
Лаура Стојанова М-Нет