
Од денеска започнува Богородичниот пост кој ќе трае до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост. Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба. Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот.
2Започнува Богородичниот пост, и така Господ Бог не опоменува дека сме должни сите ние преку пост и молитва покажувајќи послушност, постејќи и молејќи се да го славиме Бога, да се соединуваме и да живееме со Бога.“ – вели Иларион.
Инаку, годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4 големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот. Богородичниот е посветен на духовната подготовка во очи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица.
Лаура Стојанова М-Нет