
Новиот прволигаш Башкими денеска го претстави Муарем Муарем како нов главен тренер на првиот тим.
Со богата фудбалска кариера, Муарем се истакна како играч од средниот ред на ФК Карабах во Азербејџан, еден од добро познатите и успешни клубови на меѓународната сцена.
По завршувањето на кариерата како играч, Муарем успешно го започна своето патување како тренер: првично како главен тренер на Гостивар, каде што покажа модерен пристап и донесе важни резултати. Потоа, тој беше дел од техничкиот штаб на ФК Скопјe како заменик-тренер, придонесувајќи за подигнување на нивото на тимот. Визијата на новиот тренер е да изгради силен и конкурентен тим.
Претходниот тренер Баже Јанакиевски си поднесе оставка поради лични причини.