
Од денеска официјално започнува новата ловна сезона. Викенди и за време на државни празници ќе се лови заштитен дивеч како и штетен и прелетен дивеч. Секоја сабота е дозволено да се лови и дива свиња.
„Официјално ловната сезона за 2023 година согласно Законот за ловство започнува на 11 октомври и ќе трае до 10 декември. Како ловен ден ќе бидат недели и државни празници а во однос на тоа ќе се лове заштитен дивеч во кој спаѓа зајакот, еребицата и дивата свиња. Понатаму ќе се лови штетниот и прелетен дивеч, а дивата свиња ќе се лови во сабота.“ – вели Панев.
И оваа ловна сезона стои правилото дека ловците мора да бидат соодветно облечени во портокалови елеци и капи. Дополнително во ек на пожари стои апелот да не се пали оган на отворено и доколку се забележи пожар да се пријави.
„Заради лични и безбедносни мерки се напоменува на ловците задолжително да носат маркантни елеци и капи и секако оти уште е сезона на пожари апелираме до нашите членови да не палат оган на отворено“ – додава Панев.
Новата ловна сезона ќе трае до 10 декември оваа година.
Лаура Стојанова М-Нет