
Учениците од угостителско-турстичката струка од штипското училиште „Коле Нехтенин“ денеска можеа да ги слушнат најголемите готварски тајни од врвни шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Заедно готвеа и учеа како да се стане добар готвач. Целата на денешниот настан е да се подигне свеста на гастрономијата, угостителството и туризмот и младите вешто да чекорат по патот на готвењето.
„Ние ова го направивме со една и единствена цел, а тоа е да се подигне гастрономската свест во Македонија и да работиме на темата како да ги задржиме идните готвачи коишто се од огромно значење за нашата земја. Токму тоа беше целта на овие предавања, кои се тајните на гастрономијата и што сѐ треба да знаеме, да се направи за да се стане добар готвач. Ние имаме одличен потенцијал, прекрасни деца“, вели Адријана Алачки.
Готвачите од југословенските републики им ги пренесоа своите инспиративни биографски приказни и со тоа посочија колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи белата готвачка униформа која им овозможила да се стекнат со знаења и искуства од целиот свет.
„Овој дел што ние денес го завршивме, причината поради која дојдовме, е тоа што ние сакаме тие деца да сакаат многу да научат. Тие се толку позитивни, ова е една толку позитивна средина и тоа повеќе нѐ импресионираше.“
„Да учат и да вежбаат колку што можат, бидејќи знаењето е најважното нешто што им треба за иднината. Парите може да се загубат, но знаењето, она што е во вашата глава, никогаш нема да го загубите. На крајот, повеќе знаење носи повеќе моќ и повеќе пари.“
„На нивното лице видов една заинтересираност за оваа струка, затоа и ги мотивиравме и во овој дел искажавме многу приказни за тоа како ние да им бидеме примери, да видат што можат да постигнат со оваа убава професија.“
„Јас им реков ним, постапката на учењето да се биде готвач оди по скалила, како да се качувате во некоја неволја, на некој дваесетти кат, но тоа е полека, чекор по чекор да се научи.“
Можноста да ги слушаат предавањата ја имаа двата класа од угостителско-туристичката струка, во двете смени, односно околу триесетина ученици.
„Идејата беше колку што е повеќе од нашите ученици да ги следат нашите предавања и да научат многу нови работи коишто понатаму ќе им користат за нивната професија и нивната иднина“, вели директорката Шалева.
Готвачите од југословенските републики минатата година беа гости во ова училиште, а годинава им ги пренесоа своите знаења преку целодневни предавања.
Ребека Спасова М-Нет