
Од денеска се активира фаза 3, согласно акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови. Како што информираат од Министерството за здравство, согласно прогнозите на УХМР, активираната фаза 3 ќе трае од денеска до 8 јули.
На предлог на Министерството, Владата донесе препораки за повозрасните лица, работници на отворено, бремени жени.
„Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Оваа препорака не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија). Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо, работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку; активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.“ – стои во соопштението од здравство.
Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност.
Од Министерството за здравство, додадода дека заедно со сите надлежни институции, ќе продолжат со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет