
Шест Здруженија од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово денеска во Штип ја потпишаа декларацијата „За унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија„, а во организација на Здружението „Мирка Гинова“ од Штип. На големиот семакедонски собир во Штип беше отворена и изложба на која беа презентирани и документи од Американските архиви за постоење на Македонците во XlX I XX век.
Истражувањато на архивите низ светот од страна на историчарот и македонски активист во Албанија, Васил Стерјовски резултираа со илјадници документи од печалбарите кои мигрирале во САД.Тој оценува дека состојбата со макединското малцинство во Албанија е добра, дури додава дека во делови од Албанија се учи македонскиот јазик.
На денешниот семакедонски собир се истакна дека во Благоевград ќе биде отворен нов приватен македонски клуб кој ќе го носи името „Јане Сандански“ или „Македонија“.
„Решив да отворам македонски клуб во дворот, имам гаража околу 30 квадрати и на пролет ќе го отворам, приватен клуб, да немам врска со државата, со ништо. Јас ќе работам за Македонија, ние сме македонци, македонци ќе си останеме“
Целта е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија. Божинов посочува дека во Пловидив живеаат околу 100.000 бегалци од Егејска Македонија.
Лаура Стојанова М-Нет