Одржана редовната мартовска крводарителска акција во Кочани

Одржана редовната крводарителска акција во Црвен Крст Кочани, која се реалиизра секој последен четврток од месецот или трета за оваа година. На ваквите крводарителски акции крв може да дарува секој граѓанин и да спаси човечки живот. Одзивот е голем уште од изутрина, со што се очекува да се соберат задоволителен број дарувани крвни единци. Само до 11 часот, веќе 17 луѓе дарувале крв.

„Денеска во просториите на ОО на Црвен Крст – Кочани во тек е редовна крводарителска акција. Ова се акции кои ги организираме во нашите простории секој последен четврток во месецот, така што една од тие се реализира денес. Самата акција започна во 7:30 часот, а ќе трае до 14 часот. Досега, околу 11:00 часот, имаме реализирана бројка на 17 дарители кои веќе имаат дарувано крв. Секако, очекуваме оваа акција денеска да ја заокружиме со барем 30 собрани единици крв“, истакна Анета Коцева.

Истовремено месецов започнаа обуките од проектот „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“, на локално ниво имплементирани од Општинската организација на Црвен крст Кочани. Со ова, околу 20 млади основци и средношколци ќе добијат основни знаења за помош на социјално загрозени семејства и за општо добро на заедницата. Главната цел на проектот е регрутирање на нови волонтери во Клубовите на млади при Црвен крст, но и помош на социјално загрозени семејства од општината.

Лаура Стојанова М-Нет