Одржана првата обука за пчелари почетници на одржлив начин на пчеларникот на брана „Градче“ во Кочани

Одржана првата обука за пчелари почетници на одржлив начин на пчеларникот на брана Грдаче во Кочани. Претходно се одржаа и две други обуки само за плечари почетници и обука за напредни пчелари. Оваа обука е подржани од Министерството за образование и наука и сертификатите кои ги добиваат учесниците се признаети. Финансирана е од Швајцарската амбасада, а учесници има од цела држава и мажи и жени.

„Пчеларите самостојно ќе можат да ја извршуваат обуката и ќе бидат оспособени да пчеларат на одржлив начин. Тоа е многу специфично и е иднината на пчеларството затоа што нема да употребуваат хемикалии кои штетно влијаат на медот, на пчелните продукти и на пчелите“ – кажа Ванчо Кировски, Претседател на „Меден Исток“
На обуката учесниците имаа можност да научат повеќе работи и спецификации поврзани со пчелите, а во меѓувреме тоа практично да го испробаат на пчеларникот на брана „Градче“.

Учесниците во обуката се задоволни од начинот на кој се одвива истата, како од теоретскиот така и од практичниот дел. Секое учество е со иста цел пчеларите почетници да знаат како да одгледуваат и да се фрижат за пчелите, а истовремено да правата здрав мед.

Обуката започна на 20 мај годинава, а ќе се спроведува до 15 септември. Бројот на учесници е ограничен заради ковид пандемијата, односно 15 лица имаат можност по обуката самостојно да одгледуваат пчели. Теоретскиот дел се слуша во две групи, а практичниот се спроведува на отворено на пчеларникот на Брана Градче во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет