
Додека граѓаните се замајуваат со садење цвеќиња и трева Штип од една страна, од друга страна масовно се ангажираат лица во јавните институции, посочуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Денес се распределија на 12 лица од Албанска етничка заедница во јавните институции, па од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип со прашање до претставниците на Власта, немаше ли во Штип млади и невработени лица па мораше да се увезуваат кадри?
„Социјал демократскиот сојуз се мајстори за дефокус на јавноста! Додека од една страна ги замајуваат граѓаните се садење цвеќиња и трева, од сруга страна масовно се ангажираат лица во јавните институции. Денес во УЈП беа респоредени дури 12 лица, кои се од така наречените рамковни административци. Зошто во Штип се прераспределени толку многу лица од Албанска етничка заедница?
Дали оваа активност на Власта е во насока на воведување на двојазичност и во етнички чистите средини?
Зарем во штип немаше млади и невработени, па мораше да се увезуваат кадри?
Дали за време на економска криза, вработувањето на административци во УЈП ќе ја намали сиромаштијата во Штип која настана како резултат на Ковид кризата?“ – беше дел од пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Од СДСМ со одговор дека ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Штип прераснува во современ и модерен град во кој не само што се планираат проекти важни за граѓаните на Штип туку истите се реализираат.
„ВМРО ДПМНЕ продолжува со ширење на лаги и дезинформации на јавноста како што беше случај и претходно кога тврдеа дека Штип ќе биде двојазичен град. Тие само шират неоснован сомнеж и страв кај граѓаните. Лицата кои се вработени во Регионалната дирекција на УЈП не се однесуваат само на Штип, туку на целиот регион кој што оваа дирекција го покрива. Распределбата на рамковните вработени во кои што и тие самите учествуваа е во насока на активно вклучување и извршување на работните задачи со што ќе ставиме крај на нивната неактивност и примајќи плата и седењето дома.“ – истакнаа од СДСМ.
Од СДСМ истакнаа дека ВМРО ДПМНЕ треба се одлучи дали е поприфатливо седењето дома и земањето плата или активно вклучување во рабониот процес на овие лица.
Лаура Стојанова М-Нет