Одморалиштето Пониква ќе стане рехабилитационен центар за пациентите од пожарот во Кочани

Одморалиштето Пониква ќе стане рехабилитационен центар за пациентите од пожарот во Кочани. Во моментот објектот располага со 27 соби и 56 легла, што ќе обезбеди доволно простор за пациентите во фаза на продолжена нега и рехабилитација. Како што соопшти порпаролот на владата Марија Митева, овде ќе се лекуваат лица кои се веќе стабилизирани, но на кои им предстои понатамошен третман.

,,Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која Одмарлиштето Пониква, која е во сопственост на МВР ќе се стави на располагање на министерството за здравство за да се користи како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација. Одмаралиштето пониква располага со 27 соби и 56 легла. Лоцирнао во природна и мирна средина, што прави исклучително поголем простор за пациентите , кои се во фаза од лекување од претходна физикална и работна терапија. Станува збор за пациенти се веќе стабилизирани, но постои реална натамошен третман, се со цел да се спречат и намалат долгорочните последици од изгорениците.“ рече Митева

Во соработка со министерството за здравство и медицински тимови, се работи и на планот за распределба и згрижување на пациентите, рече Митева. Таа истакнаа дека овие тимови ќе ја понесат целата опрема со цел да обезбедат медицинска нега.

Инаку, од денес започнува да функционира нова телефонска линија – 070 355 526, преку која повредените во пожарот во дискотеката во Кочани и и нивните семејства ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби. Линијата е веќе активирана, а раководител ќе биде Канцеларијата на претседателот на Владата.

Иван Митев, М-Нет