Одлука за ПЦР тест за сите спортски екипи пред секој свој натпревар

Во службен веснник е објавена одлуката за задолжително ПЦР тестирање пред секој натпревар а ФФМ ќе ги покрие трошоците за претстојното првенствено коло. Еве го комплетниот текст за оваа најнова одлука.

„Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва и Втора МФЛ, а по добиената одлука од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК дека  30 екипи од Прва МФЛ и Втора МФЛ – Исток и Запад (со исклучок на ФК Кадино – слободен во 24. коло), заедно со службените лица на натпреварите пред одигрување на претстојното 29. коло во Прва МФЛ и 24. коло во Втора МФЛ – Исток и Запад  ќе направат ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје во организација на ФФМ. ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб).

Секоја екипа треба задолжително да ја пополни табелата со точни податоци: Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ и функција ( фудбалер или член на стручен штаб, комет администратор на клуб задолжително) на лицето од вашиот клуб кое се тестира и задолжително лице за контакт од клуб и адреса каде ќе биде извршено тестирањето (БИОТЕК доаѓа по договор на утврдена  локација) за контакт на релација помеѓу клуб и лабораторија БИОТЕК. Тестирањето ќе се врши во деновите 22 април (четврток) и 23 април (петок) 2021 година“.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk