Амбасадорот на БиХ во посета на Штип

Туризамот, економијата, но и пријателството и пријателските односни меѓу нашата држава и Босна и Херцеговина, теми на разговор на денешната средба помеѓу градоначалникот на Штип Сашко Николов и амбасадарот на БиХ,неговата ексиленција Драган Јакимовиќ. Со ова се направи првиот чекор за зближување на овие две земји, за подобрување на соработката а се очекува соработката да продоложи и во иднина.

„Во оваа средба разменивме искуства во работата на повеќе полиња, но исто така и можности за продлабочување на соработката како на економски бизнис и економски план. Разговаравме и за збратимување на Општина Штип со град од федерацијата на БиХ, каде имаат заедничка цел и интерес како нашата општина“ – истакна Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Средбата беше општа, но близината на двете држави и градовите во нив го посочуваат фактот дека ќе се пронајде заеднички цели и интереси. Задоволен од посетата на Штип е и амбасадорот на БиХ, Јакимовиќ,


„Ова е моја официјална втора посета овде во Штип, многу пати сум бил овде неофицијално затоа што имам многу пријатели овде. Се надевам дека градоначалникот ќе продолжи таму каде што претходниот градоначалник застана, со добри и успешни проекти. За мене е Македонија преубава земја а особено Општина Штип каде имам навистина многу пријатели. Денешниот состанок беше на тема економија и туризам. Се надевам дека деновиве ќе биде потпишан договор помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина во областа на туризмот. Секако градоначалникот пристапи и на економијата, имаме доста теми за разговор, точно е дека пандемијата со коввид 19 минатата година и половина се ни промени ама се надевм дека сите ќе собереме сила да ја пребродиме пандемијата и да одеме кон подобро утре.“- кажа Амбасадорот на БиХ, Драган јакимовиќ.

Инаку помеѓу нашата држава и Босна и Херцеговина има остварено една бизнис релција, поточно штипски бизнисмени веќе имаат отворено свои преставништва во Сараево, Бања Лука, што се очекува во иднина релацијата, поставените врски само да продолжуваат и да се зацврстуваат.

Лаура Стојанова М-нет