
Одложено судењето за синот кој во месец август годинава ја уби неговата 84 годишна мајка. На денешната прва главна расправа, јавното обвинителство до судијата го достави ножот со кој е извршено убиството, но одбраната, односно, обвинетиот побара најмалку пет дена за да може во целост да го разгледа доказот.
На ова реагираа од обвинителството додавајќи дека за доказ напишан на четири страници, премногу се пет дена, но сепак судот донесе одлука и новото рочисте е закажано за 11 декември со почеток од 11:30 часот.
Инаку на 8 август оваа година, во 2 часот по полноќ во семејниот дом во Штип, 54 годишниот син од Штип со нож ја убил сопствената мајка. Тој денеска беше спроведен од затвор Куманово, во штипскиот суд.
Со денешното започнато судење, во штипскиот суд се спроведоа три судења поврзани со убиства и обид за увиство.
Во првиот случај им се судеше на петмина турски државјани за убоство кое се случи во мај годинава, кога во кафе бар во центарот на Штип беше убиен друг турски државјанин. Ова судење продолжува на 19 декември.
Во вториот случај, односно вчера Судот носеше одлука за дело обид за убиство, каде зетот сакал да ги лиши од слобода мајката и братот на неговата сопруга, а му нанел телесни повреди на нејзиниот татко.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет