
Боксерите на Пинк Пантер од Штип имаа успешен викенд во рамки на последното есенско коло на Опен Балкан лигата во конкуренција Олимписки надежи и притоа ја сочуваа, но минимално и ја зголемија бодовната залиха со која заминуваа на пауза.
Петтото коло се одржа во Зрењанин, а штипскиот клуб од пријавени десет настапи со шест боксери.
Мечот на Марко Чурлиновски бил прекинат поради крварење од носот, а во рамки на петтото коло со пораз се соочија Лазар Димитров и Ненад Наков.
Штипскиот клуб Пинк Пантер предводен од тренерот Петре Чурлиновски заокружува успешна 2025 година со второ место во македонската лига, второ место екипно на меѓународен турнир во Словенија, прво мест она Опен Балкан – олимписки надежи и брозен медал од Европското првенство на Иса Бајрам.
Предизвиците во 2026 година започнуваат во месец февруари со мечевите од шестото коло на Опен Балкан Олимписки надежи, а тренерот Чурлиновски очекува одново да се освои првото место со потврда во последното осмо коло кое традиционално се одржува во Охрид.
Александар Ванев, М-Нет