ТППЕ Кочани доби ново возило донација од Република Чешка

ТППЕ Кочани доби ново возило за гасење пожари, донација од Република Чешка. Станува збор за возило тетра кое е со носивост од 10 тони и е од големо значење за потребите на противпожарната единца Кочани. Ова е десето возило кое е дел од возниот парк на противпожарната единица.

„Ова возило ќе ни биде од голема помош и е десето возило во нашата единцна. Добивме возило татра со носивост од 10 тони“ – вели Апостолов.

По трагедијата која се случи во Кочани повеќе од потребни се инвестиции во територијалната противпожарна единица, како во делот на возниот парк така и во делот на вработување, со огледд на фактот дека има двојно помалку пожарникари од законски предвидениот број.

Помошта од Чешка не е првпат, а како што посочи Амбасадорот не застануваат овде. Целта е да се помогне во период кога тоа е најпотребно. Договорот за донација на противпожарно возило е во вредност од 7,94 милиони денари

„Сметавме дека тоа е наша одговорност да ви помогнеме кога беше потребно. Знаеме што значеше оваа трагедија за Кочани, и се обидуваме да помогнеме како во медицинската така и во областа на противпожарната заштита. Јас во вашиот град не сум прв пат и убеден сум дека со новоизбраниот градоначалник ќе имаме поблиска соработка. Секако дека ова не е моја последна посета на Кочани“ – изјави амбасадорот Лудва.

На настанот денеска присуствуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски, како и директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет