Одбојка Прва лига: Победа на машката, а пораз на женската штипска екипа

Во изминатиот викенд се одиграа натпреварите од последното есенско коло во конкуренција на мажи. Во Штип екипата на Штип УГД го победи тимот на Јанта Волеј со максимален резултат од 3:0 во сетови. Штипјани ќе играат во групата за пласман од 5 до 10 место во кое Шкендија има 5, Штип има 4 победи а во групата покрај нив се уште екипите Весна Пробиштип, Јанта Волеј, Лирија и Дибра Волеј.

Женската екипа на УГД Студент во Скопје загуби од екипата на Јанта Волеј со резултат 3:0. Во оваа конкуренција ќе се одигра уште едно коло во кое штипските „студентки“ ќе се сретнат со тимот на Виктори Волеј. Без разлика на резултатот, штипјанки ќе разигруваат во групата за пласман од 7 до 14 место на прволигашката табела.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk