Возило излетало од коловозот на регионалниот пат Штип – Аргулица

На 06.12.2020 во 14.00 часот на регионалниот пат Штип – Аргулица, патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(32) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д., додека сопатникот Д.Ш.(34) од Штип со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид  на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.