
Во рамките на второто коло на Првата машка одбојкарска лига на Македонија во сабота на програмата се неколку интересни натпревари.

Во Пробиштип ќе се одигра источното дерби помеѓу Весна и Струмица. Екипата на Штип УГД ќе гостува на Универзитет Тетово, натпревар кој ќе се одигра во понеделник со директен ТВ пренос на МТВ. Еве ги комплетните двојки за ова второ коло:
Јанта Волеј – Вардар
Дибра Волеј – Борец
Лирија – Шкендија
Весна П – Струмица
Универзитет Тетово – Штип УГД

Во сабота ќе се одигра и првото коло во А и Б женската прва лига во кое се среќаваат:
Група „А“
Фит Фан – Вардар Жени
Јанта Волеј Форца – Универзитет Тетово
Македонија Макс – Наковски Волеј
Женската екипа на УГД ќе биде слободна
Група „Б“
Јанта Волеј Кисела Вода – Бамикор
Пелистер Волеј – Ускана
Виктори Волеј – Работнички одложено
Екипата на Струмица е слободна
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk