Кога главните забораваат на гладните

Носителите на јавни функции, раководители на институции, луѓето од невладиниот сектор кои на некој начин се главни денес заборавија на оние кои се гладни. Токму на светскит ден на гладните. Локалните власти од 130 земјио во светот секоја година на овој ден  повикуваат на зголемување на активности за постигнување на  нулта глад  до 2030 година. На 74  годишнината од оснивањето на ФАО, во Источниот дел од нашата држава која е членка на оваа светска организација, денес не се забележани никакви активности за намалување на гладот кои ќе значат токму  денес да се обезбеди храна за сите. Дали главните  забравија на гладните? И зошто во градот на хуманоста и солидарноста  Штип, во ниту една институција не е евидентирана никаква активност со цел согледување на реалноста и изнаоѓање на начини како да се организираат акции кои ќе резултираат со прибирање на храна која се јавува како вишок во земјоделски или кондиторски производи.Оваа пракса е вообичаена во соседните земји. Во Скопје успешно егзистира популарната банка за храна каде се направени анализи на ниво на нашата дежава кои потврдуваат дека секој десети граѓани е гладен, а наспроти трепењето на гладдта се фрла вишок на храна  во количина од 50 илјади тони кои се сосема доволни  во текоот на цела година да прехранат 45 илјади жители во Македонија. Како пример се наведува општината Кочани во која на пример во текот на годината  никој да не носи храна на трпезата преку организирано собирање на храна секој од 45 илјади жители ќе биде  бесплатно нахранет во текот на сите 365 дена. По ова излегува дека нашата држава не е сиромашна земја, туку неорганизирана  и неефикасна. Таква е  состојбата и на локално ниво, недостасува организираност, иницијатива и акција. На  светскиот празник на гладните и кога беа на позиција сегашните опозиционери од Вмро Дпмне забораваа на спроведувањето на овие значајни за населението активности, сега во улога на критичари со право потсетуваат на моменталните аномалии во функционирањето на овој алчтруистичен план, но и опозиционерите остануваат само на критики и дискусии без конкретни акции. Инаку за разлика од 11 општини од источниот регион  интенцијата за организирано функционирање  денес  ја  опоравдаа само  квадарчани тие преку на on-line дискусија се  согласија дека земјоделските производи кои што остануваат неоткупени, па дури и оние кои што се наоѓаат по нивите, а не се собираат може да бидат достоен оброк и да се најдат на трпезите на оние кои што им се најпотребни. Само минатата година фрлени се 50 тони јаболка. Процесот како од нивата да завршат на трпезата е веќе отпочнат со креирањето на законот за донирање на вишокот на храна, но на патот до трпезата треба да се изоди уште многу, а тоа можеме да го направиме само доколку делуваме заедно, од една страна граѓанскиот сектор, но од друга страна институциите.

Маре Стоилова М Нет
Игор Зиврев М Нет