Одбојкарките на Младост УГД од Штип со висока победа над Ускана Волеј!

Одбојкарките на Младост УГД од Штип во рамки на 6. коло од Првата женска одбојкарска лига забележаа висока победа од 0:3 над Ускана Волеј, во меч кој се одигра во Кичево.

Одличен натпревар каде штипскиот тим имаше доминантна игра во текот на целиот меч. Првиот сет заврши со високи и убедливи 10:25 за штипскиот тим, во вториот сет одново Младост УГД беше пресилен со 15:25, а третиот сет штипските одбојкарки го добија со 19:25.

Ова е втора сезонска победа за Младост УГД кој сега има шест бодови на своето конто, а во рамки на следното седмо коло ќе се соочи со тимот на Вардар ЕМ во меч каде штипскиот клуб ќе има одлична можност за продолжување на победничката серија за трет сезонски триумф.

Александар Ванев, М-Нет