
Националните спортски федерации, клубовите и спортистите ги добиваат средствата од државните субвенции кои ги доделува Министерството за спорт, но како што вели министерот Борко Ристовски по нови промените критериуми во однос на ваучерите од претходните години.
„„Има голем промена, не можевме сите критериуми да ги смениме наеднаш, меѓутоа направивме некои законски измени со коишто претходните критериуми доста коруптивни и морам да напоменам заради нејаснотии во тие критериуми, има и кривични пријави против 11 луѓе. Ние го направивме да биде најтранспарентно што може да не можам да влијам ниту јас на распределбата на критериумите, имаше голема разлика помеѓу првите коишто добиваат финансиска помош од државата со останатите. Да речеме, ако првиот добива 14-15 милиони денари, вториот може да се случи да добие 7-8, третиот да добие два, така да, тие се тие критериуми кои воопшто не беа јасни и беа користени за да се помагаат на одредени клубови или спортови коишто беа блиски до власта. Сега тоа заврши“, рече Ристовски.
Министерот Ристовски вели дека субвенции ќе се доделуваат според успесите и пласманот на табелата, а притоа за М Нет телевизија и го појасни системот при добивањето на помошта.
„Еден од најголемите критериуми по коишто ќе се даваат тие субвенции се пласманот на табелата или резултати или успесите како и да го кажеме. Ние направивме систем по коишто ќе воведеме еднаквост помеѓу сите коишто добиваат помош. Ако првиот добива од било кој спорт добива 1000 денари, вториот ќе добива 0.36 или 0.38% помалку и така оди со ист процент намалувањето надолу. Тоа се работи коишто добивање на средствата или висината ќе зависи исклучиво од пласманот на табелата“, додава министерот.
Во самите образци кои се пополнуваат сега има и член со кој потписникот на образецот одговара под морална, материјална и кривична одговорност за сите наведени податоци.
„Најважно поради сузбивањето на корупцијата или малверзација на институциите ставивме член во тие образци кои се пополнуваат каде што потписникот на тој образец под морална, материјална и кривична одговорност одговара за сите горе наведени податоци.“
ФФМ нема да добие субенции, но фудбалските клубови ќе добијат.
„Не, не, си останува исто, меѓутоа фудбалските клубови добиваат“, рече министерот.
Исплатата на субвенциите е започната, а клубовите веќе ја добиваат државната помош.
Александар Ванев, М-Нет