
Со набавени 500 килограми месо и поголеми количини брашно, штипските пекари ги привршуваат подготовките за овогодинешната „Штипска пастрмајлијада“.
Најголем дел од пастрмајлиите ќе бидат со свинско, а во помала количина ќе се подготвуваат и пилешки.
Цената од 250 денари, велат пекарите, е прифатлива и покрај зголемените трошоци.
Според нив, годинава цената е нешто повисока од лани, главно поради поскапите енергенси.
,,Па порачавме свинско и пилешко месо, значи некаде околу 500 килограми месосе вкупно. Повеќе ќе биде свинско, помалку пилешко. Ние сме веќе спремни и очекуваме да има и посетители како и минатата година во голем број. Па мислам дека цената оваа година во споредба со минатата година е малку покачена, мешутоа е приступачна со оглед на цените на енергенсите, така да цената е океј по мое.”, вели Малинов
Освен пекарите, и штипјани полека ги прават подготовките за да бидат добри домаќини на гостите од другите градови, но и од странство.
Велат дека, покрај тоа што купуваат пастрмајлии од пекарите, знаат да ја подготват и дома.
Инаку, очекувањата се дека следниот викенд Штип ке биде центар на забавата и традицијата. Со голем број посетители од земјава и странство манифестациајта достојно ќе биде одбележана и годинава.
Иван Митев, М-Нет